Се огласи агентот на Клоп по новите шпекулации дека ќе го преземе Реал Мадрид!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, се најде во нов непријатен момент откако неговата најава дека ќе го ангажира Јирген Клоп беше експресно демантирана од луѓето блиски до германскиот стратег. Само неколку часа откако Рикелме изјави дека Клоп е неговиот избор за нов тренер на „кралевите“, агентот на поранешниот менаџер на Ливерпул ги отфрли таквите тврдења.

Веќе станува здодевно. Тој нема намера да се врати на клупата на некој клуб и е среќен во Ред Бул“, изјави агентот на Клоп за „Скај Спорт Германија“.

Ова е уште еден удар за Рикелме во текот на изборната кампања. Претходно тој тврдеше дека ќе успее да го донесе Ерлинг Халанд во Реал Мадрид, по што следуваше реакција од семејството на норвешкиот напаѓач, а Манчестер Сити најави и правни чекори поради ваквите изјави.

Со оглед на последните случувања, во шпанската јавност се почесто се поставува прашањето дали Рикелме навистина има контакти со звучните имиња што ги споменува или станува збор за предизборни ветувања насочени кон привлекување поддршка пред гласањето.

Претседателските избори во Реал Мадрид се закажани за утре, а актуелниот прв човек на клубот, Флорентино Перез, останува главен фаворит за нов мандат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×