Вечерва од 22:00 часот на шпанските терени, Барселона и Реал Мадрид ќе се соочат во финалето на Копа дел Реј, а пред големото „Ел Класико“, лидерска улога презеде Лука Модриќ.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, искусниот хрватски ас одржал говор пред соиграчите со цел дополнително да ја разбуди мотивацијата во тимот.
„Ќе одиграме голем натпревар и ќе победиме! Тоа го должиме на нашите навивачи, а со триумф ќе им ја затвориме устата на судиите“, ги бодрел Модриќ своите соиграчи, открива „Дефенса Централ“.
Модриќ истакнал и дека треба да бидат подготвени на евентуални судиски неправди, но им порачал дека тоа не смее да влијае на нивната игра и менталитет.
Да потсетиме, пред денешното финале, Реал Мадрид изрази незадоволство од изборот на судии, а дури се појавија гласини дека може да го бојкотираат натпреварот, но на крајот „кралевите“ ќе се појават на теренот.
Барселона во финалето ќе настапи без Роберт Левандовски и Алехандро Балде, додека Карло Анчелоти нема да може да смета на Едер Милитао, Дани Карвахал и Едуардо Камвинга.
Фото: Real Madrid C.F/X