Се компликува трансферот на Мбапе, Реал поставил ултиматум

by
1 минути читање

Оваа недела, Реал
Мадрид тргна во офанзива по потписот на Килијан Мбапе, „кралевите“ доставија
две понуди, првата вредна 160 милиони евра, втората вредна 180 милиони евра
(170+10 милиони во бонуси).

ПСЖ експресно ја
одби првата понуда, се веруваше дека вториот предлог ќе биде доволен но
„светците“ и понатаму не попуштаат и покрај тоа што Килијан Мбапе ја одработува
последната година од договорот и напаѓачот следното лето може да замине за
беспари.

Според Хавиер Ераез,
новинар на Кадена СЕР, трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид во моментов е
компликуван, и го нема отпимизмот од синоќа.

Жозеп Педрерол од
Ел Чирингито пак вели дека Реал Мадрид поставил ултиматум и му дал рок на ПСЖ
до 18 часот во понеделник да ја прифати понудата вредна 170+10 милиони евра.

Л’екип пак пишува
дека Килијан Мбапе добил повик за утрешниот дуел на ПСЖ против Ремс, а во
составот ќе бидат и Нејмар и Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×