Продажбата на
Челси е во завршна фаза, конзорциумот предводен од Тод Боли доби екслузивни
преговори, но вечерва неколку извори пренесуваат дека зделката се комплицира
откако Роман Абрамович направил неочекуван потег.
Кога милијардерот
од Русија објави дека го продава Челси, рече дека нема да го бара долгот кој
клубот го има кон него.
Роман Абрамович
сепак сега се предомислил и побарал да му бидат вратени 1,6 милијарди фунти.
Се говори дека
Челси веќе ја известила владата на Велика Британија за ваквиот развој на
настаните и било побарано да се направи промена на лиценцата за продажба на
клубот.
Медиумите
пренесуваат дека властите нема да дадат зелено светло за нешто вакво, па постојат
реални шанси целата зделка да падне во вода.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.