Се јави судијата кој го предизвика скандалот, се обиде да се оправда но уште толку се заплетка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Колтеску призна дека рекол „негру“ што на романски значи црно, но вели дека тоа не е расистичка навреда во неговата земја и тој не е расист.

„Негру на романски значи црно. Но јас не сум расист, тоа не е расистичка навреда во нашата земја“, изјави Колтеску за француска телевизија.

Овој скандал најверојатно ќе значи и крај на неговата интернационална судиска кариера, УЕФА која постојано се бори против расизмот би требало да биде немолосрдна кон него.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Башакшехир ќе се доигра денеска со нови судии.

Демба Ба убаво му обjасни зошто тоа што го кажа е расизам, тој му рече: „Зошто велиш „овој црн човек“, а не велиш „овој бел човек“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×