Се бунел зошто не може да седи во автобусот таму каде што сака, го избркале и вечер нема да игра против Борусија Дортмунд во ЛШ

by
1 минути читање

23-годишниот Денис му даде гол на Зенит, но вечерва нема да има шанса тоа да го направи против Борусија Дортмунд, бидејќи е исфрлен од составот поради бизарна причина.

Денис луто реагирал во тимскиот автобус откако не му било дозволено да седне таму каде што сакал, местата во автобусот биле стрикно облежани поради пандемијата на коронавирус.

Напаѓачот кој се поврзуваше со Арсенал и Наполи е избркан поради непримерно однесување.

Тренерот на Бриж, Филип Клемент потврди дека Денис нема да игра вечерва поради дисциплински мерки.

„Денис е фит, но не е во нашиот состав. Тој не ги следеше клупските правила, тоа е се што можам да ви кажам. Преферирам да се фокусирам на играчите кои ги имам на располагање“, изјави тренерот Клемент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×