Шчесни му подари бод на Удинезе, ВАР му поништи гол за победа на Роналдо во 94. минута (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Изненадување пред почетокот на мечот беше стартниот состав на Јувентус, во него го немаше Кристијано Роналдо, наводно тој побарал да почне од клупата.

Јувентус имаше идеален почеток на мечот, во третата минута Дибала постигна гол за водство од 1-0, а 20 минути подоцна Квадрадо реализираше за 2-0.

Се чинеше дека Јувентус го има мечот под контрола, но по само шест минути игра во вториот дел Переира даде гол од пенал и го врати Удинезе во игра.

Во 60. минута од мечот во игра влезе Кристијано Роналдо.

Течеше 83. минута кога Војчех Шчесни направи огромен кикс, буквално му подари гол на Удинезе, реализираше Делофеу за израмнување на 2-2.

Во 94. минута Роналдо даде убав гол со глава, но ВАР му го поништи поради офсајд. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×