Англија за првпат ќе игра во финале на Европско првенство, па освен пофалби Саутгејт не може ништо друго да добие за направената работа. Но синоќа во очи падна неговиот момент со Грилиш.
Грилиш во игра влезе во 69. минута на местото од Сака, а потоа беше повлечен од игра веднаш по голот на Хари Кејн.
„И на претходните мечеви Данска покажа дека има многу јасна стратегија кога имаат негатива. Формацијата ја прават 4-2-4 и одат со сите напред“, вели Саутгејт.
„Потребен ни беше притисок напред. Но требаше да се справиме и со големиот број на противнички играчи кои чекаа топки во шеснаесетникот. Рахим им создаваше многу проблеми, па требаше да одлучам меѓу Фоден и Џек, да извадам некој“.
„Ја донесовме одлуката, не беше лесна, но Џек имаше големо разбирање“.
„По крајот од мечот ми рече: „Шефе, не е важно. Навистина не се лутам, се пласиравме во финале“. Но морам да кажам дека тој го даде својот допринос, го направи тоа што го баравме од него откако влезе“.