Поранешниот
фудбалер на Ливерпул, како и англиски репрезентативец, Стивен Џерард, кој
моментално е шеф на стручниот штаб на шкотски Глазгов Ренџерс, не крие дека е
шокиран од одлуката на англискиот селектор Герет Саутгејт да го изостави Трент
Александер-Арнолд од списокот за фудбалери.
На списокот за
фудбалери за претстојните квалификации за Светското првенство против Сан
Марино, Албанија и Полска немаше место за бекот на Ливерпул, кој бележи доста
лоша сезона зад себе, а целосно се вклопи во сивилото на „Редсите“ кои имаат
очајна сезона генерално гледано.
Како и да е,
Џерард јасно наведува на тоа дека не се согласува со одлуката на Саутгејт, дури
и во ситуација кога формата на Арнолд е воедно и повеќе од очајна сезонава.
„Не се согласувам
со одлуката на Саутгејт, но јас не сум селектор на Англија, тој ги носи
одлуките, јас сметам дека Трент е најдобриот англиски десен бек, едно нешто
научив во периодот кога играв фудбал, а тоа е дека не можете постојано да бидете
на висина на својата задача“ смета Џерард.
„Кога ќе паднете,
потребна ви е поддршка, љубов, како и внимание од својот тренер, повеќе од било
кој, така, јас бев изненаден од одлуката на Саутгејт, тоа е само мое мислење, а
моето мислење можеби и не е важно во моментов“ додаде поранешниот легендарен
фудбалер на Ливерпул.
„Трент е светска
класа од десен бек, најдобриот што нашата земја го има во моментов“ заклучи
Џерард.