151
„Газета дело
Спорт“ извести дека Сасуоло поставил цена од 40 милиони евра за продажба на 26
годишниот Доменико Берарди кој блесна во сиот сјај на Европското првенство во
дресот на „Аѕурите“.
Берарди постигна
два гола на трите меча кои го одигра на европскиот турнир, а како што изјави и
директорот на Сасуоло, Џовани Карневали, сега е вистинскиот момент за нов
предизвик во кариерата на фудбалерот.
Познато е дека
Милан и Лацио имаат пријавено интерес за италијанскиот репрезентативец, а
интерес има и од Премиерлигата, каде во трката за неговиот потпис се Лестер и
Ливерпул.