Саркози ќе предизвикал инцидент на Камп Ноу, ги провоцирал фановите на Барса со „Хала Мадрид“

by
1 минути читање

Никола Саркози е
голем фан на ПСЖ, па бил во свечената ложа на Камп Ноу за да го проследи
натпреварот на својот тим против Барселона.

„Каталуња Радио“
пренесува дека поранешниот претседател на Франција прилично еуфорично славел
кога Единсон Кавани ја затресе мрежата на Тер Штеген за 3-1.

Тоа не им се
допаднало на домашните фанови кои му замериле на Никола Саркози за
однесувањето.

Тој наместо да ја
смири ситуацијата, испратил нова провокација и почнал да извикува „Хала
Мадрид“.

На крај морало да
реагира обезбедувањето за да не настане поголем инцидент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани