Италијанецот
во финалето од Лига купот постави дефанзивна тактика со која Челси одлично го неутрализираше Манчестер
Сити, но црна дамка фрли расправијата која настана во 120-та минута од мечот.
Маурицио Сари
реши во игра да го вметне Кабаљеро, резеврниот голман застана крај аут линијаа
а судијата покажа замена, но Кепа одби да излезе. Шпанецот околу 2 минути се
натегаше со луѓето од клупата, а Маурицио Сари збесна, за малку ќе ја искенеше
тренерката и тргна кон под трибинскиот простор.
Кепа веднаш беше
нападнат од коментаторите, фудбалските стручњаци и љубители. Сите сметаат
дека голманот се однесувал срамно и бараат тој да биде казнат. Сосема нормално
првото прашање на средбата со медиумите беше токму за овој момент а Маурицио
Сари одговори: „Не сакате да разговараме за фудбал?“
„Тоа што се случи
со Кепа беше недоразбирање. Тој имаше проблеми, мислев дека има грчеви. Не
сакам голман во ваква ситуација да брани пенали. Убаво разбрав каква е неговата
состојба дури кога докторот дојде на клупата по некоја минута“.
„Настана
недоразбирање. Кепа во право беше што покажуваше дека е ОК и дека треба да
продолжи, но го стори тоа на погрешен начин, па ќе треба да разговараме за ова“.