Челси – Манчестер
Сити, тоа е дерби пресметката во рамките на 16 редовно коло во англиската
Премиерлига, домаќинот не игра во онаа посакувана форма, оваа седмица загубија
на гостувањето кај Вулверхемптон, а пак гостите се вратија со тешко извојувана победа
кај Ватфорд со видно изменет состав од вообичаеното.
Говорејќи на
пресконференцијата пред утрешното дерби кое на Стемфорд Бриџ стартува во
терминот од 18,30 часот, Маурицио Сари, шефот на стручниот штаб на Челси, беше
запрашан и за тоа како да се победи Манчестер Сити, тој кусо одговори на
прашањето кое го насмеа.
„Против Гвардиола
ги загубив сите натпревари, така да, прашајте некој друг за таа тема“ одговори
Италијанецот а притоа и се насмеа на истото прашање, кој притоа додаде и за
проблемите со кои се соочува неговата екипа.
„Не е лесно да се
одговори на ова прашање, имаме проблеми, увидов дека во последните неколку
натпревари ние не делуваме на теренот како тим, или 11 фудбалери, ова е голем
проблем. Потребен ни е лидер и колективен таргет кој може да ни даде нешто
повеќе од ова“ истакна шефот на стручниот штаб на Челси.