Сари потврди: Повредата на Азар не е сериозна

by
1 минути читање

Со асистенција и
гол, Еден Азар беше клучен во победата на Челси на гостувањето кај Брајтон
изминатиов викенд со 1-2 во редовното 17 коло од Премиерлигата.

Сепак, Азар
извесен период мака мачи со повреди, а со повреда се здоби и на дуелот со
Брајтон, при што мораше да биде заменет во 83. минута со Оливие Жиру, според
зборовите на шефот на стручниот штаб на Челси, Маурицио Сари, Белгиецот нема
никаков проблем.

Еден е во ред,
се работи за ситна повреда, зборував со медицинскиот персонал на екипата и тие
ми посочија дека повредата не е сериозна, можеби ќе му биде потребен еден ден
за да се одмори, максимум два дена, ништо повеќе од тоа
“ рече Италијанецот.

Дека не е ништо
сериозно, посочи и самиот Азар по мечот, Белгиецот додаде дека е силен, па
според неговите, а воедно и зборовите на Сари, тој сигурно ќе биде во
комбинација за следната пресметка на Челси.

Челси со 37 бода
заостанува осум зад лидерот во Премеирлигата, Ливерпул, Азар досега постигна
осум погодоци, но и две асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани