Сари објасни зошто го игра Канте надвор од позиција и дополнително ги налути фановите на Челси

by
2 минути читање

Италијанецот е на
сериозен испит откако по серијата лоши резултати му се заканува отказ а и
фановите имаат се помалку доверба во стилот на игра кој се обидува да го
наметне на Стемфорд Бриџ.

Една од работите
за кои ми се замарува на стратегот е тоа што има преголема доверба во летното
засилување Жоржињо, кого го донесе со себе од Наполи.

Поради Бразилецот
со италијански пасош, Нголо Канте повеќе не игра на позицијата со која се
прослави во последните неколку години, и Французинот не може да го прикаже
најдоброто од себе
.

Маурицио Сари
сега ја објасни својата одлука и порача: „Се зависи од тоа како гледата на
фудбалот“.

„На таа позиција
јас сакам играч кој може да ја движи топката брзо, и ова не е една од појаките
страни на Канте. Тој е од голема корист за тимот, но едноставно ова не му е
јака страна“.

Кога му беше
посочено дека разговараат за играч кој освои две титули во Премиерлигата во
последните три години, а се закити и со злато на Светското првенство, Сари само
кратко прокоментира: „Ги осови титулите играјќи во еден друг систем“.

Оваа изјава на
тренерот на Челси само дополнително ги налути фановите кои на дуелот против
Манчестер јунајтед во понеделникот му скандираа „не знаеш што правиш“ и „фак
Сари-бол“
.

Тие на
социјалните мрежи порачаа дека Маурицио Сари мора да ја промени формацијата и
да го врати Нголо Канте на позицијата дефанзивец во средниот ред, а и посочија
дека Жоржињо не ги оправдува очекувањата и дека не допринесува доволно за
тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани