Откако пред само
две недели беше демолиран со 6-0, Маурицио Сари одлучи поинаку да пристапи на
финалето во Лига купот. Италијанецот постави дефанзивна тактика, неговите
играчи не беа премногу расположени за надигрување и одлично одработуваа во
одбрана па на Вембли немаше спектакл каков што фудбалските фанови очекуваа.
Манчестер Сити и
покрај доминацијата тешко создаваше прилики а „сините“ својата шанса ја бараа
преку контри. Па со ваква поставеност, немаше ниту една 100% прликика на мечот
и како одминуваше времето јасно беше дека ќе има продолженија.
Откако и
додатните 30 минути не донесоа возбуда, пенал рулетот го донесе победникот во
Лига купот. Жоржињо очајно
биеше за Челси, а и Давид Луиз не беше прецизен, па Манчестер Сити на крајот се
радуваше на првиот трофеј оваа сезона.