822
Милан го доби дербито со Лацио, а по крајот на мечот настана голема мешаница на теренот по кој на Маурицио Сари му беше покажан црвен картон.
Сари тргна кон Салемакерс, но член на стручниот штаб на Лацио ги раздели пред да се случи уште поголем инцидент.
„Во основа не се случи ништо“, вели Сари.
„Младото момче направи гест кој не треба да го прави кон постари луѓе, тогаш дојде Ибрахимовиќ и ја смири ситуацијата. Вакви работи се случуваат“.