Сари еднаш се „изгоре“ со Кепа, а сега ќе му ја спасува кариерата во Лацио?

by
1 минути читање

Добрите познавачи
на англискиот фудбал секако ќе се сетат на инцидентот кој се случи во финалето
од Карабао купот, каде Маурицио Сари одлучи да го повлече од игра голманот Кепа
Аризабалага, но тој одби да излезе од теренот.

Шпанецот најпрво
се пожали на повреда, за потоа да сигнализира дека се
е во ред со него, па иако Вили Кабалеро беше
подготвен крај аут линијата, замената во тој момент не се случи, а Сари го
загуби трпението и налутено си замина предвреме во соблекувалната.

Сега се верува
дека Сари сака да му ја спасува кариерата на Кепа со тоа што посакува одново да
соработуваат, овој пат во тимот на Лацио, а овие шпекулации се ставија во оптек
уште од изоставувањето на Пепе Реина и давањето шанса на Томас Стракоша.

27 годишниот Кепа
не е во преден план кај Томас Тухел во Челси, каде на голманската позиција „царува“
Едуард Менди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×