Сари е пред потпис со нов клуб

by
0 минути читање

Сари е без клуб откако го напушти Јувентус минатото лето, но се уште има договор со бјанконерите кои му даваат плата и покрај тоа што не работи.

Фенербахче го отпушти Ерол Булут и до крајот на сезоната ќе ги води Емре Белозоглу.

Турскиот медиум „Ајанспор“, вели дека Сари и претседателот на Фенер, Али Коч имале состанок.

Тие се блиску до договор за Сари од следната сезона да седне на тренерското столче на Фенербахче.

Сари се поврзуваше со враќање во Наполи, но и со Рома, сепак се чини дека најголеми се шансите да отиде во Фенербахче.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×