Сараево и Ристовски се разделија, Македонецот ќе има и нов клуб!

by riste
0 минути читање

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски се раздели со Сараево, босанскиот тим потврди и официјално.

Сараево преку социјалните мрежи ја соопшти веста и му посакa среќа во иднина.

„Фудбалскиот клуб Сараево и Стефан Ристовски постигнаа договор за прекин на соработката. Во текот на престојот во бордо дресот, Стефан впиша 36 настапи и постигна три гола. Риле, среќно понатаму“, стои во соопштението на Сараево.

Засега не е познато која ќе биде следната дестинација на Ристовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×