Сане треба да биде дел од новата ера на Баерн Минхен

by
1 минути читање

Баерн Минхен долго време се поврзува со играчот на Манчестер јунајтед, Лирој Сане, се чини дека конечно ова лето треба да дојдат до неговите услуги.

„Со Џошуа Кимих, Никлас Шуле и се надевам Давид Алаба, Тиаго и исто така Лирој Сане, ние ќе имаме млад, надежен тим. Можам да замислам ако се оди добро, новата ера штотуку започнува за Баерн Минхен“, вели Ули Хенес.

Тој сака да го види и Каи Хавертс во Баерн Минхен но поради актуелната ситуација со коронавирусот не знае дали ќе може да си го дозволат.

„Би сакале да го имаме и Хавертс. Но во моментов јасно е дека не знаеме каде ќе оди економскиот момент во фудбалот. Би сакал да го видам него во Минхен од спортски причини, но гледано од денес не мислам дека би го купиле сега“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани