Џејдон Санчо е
големото засилување за Манчестер јунајтед вредно 73 милиони фунти за новата
сезона, меѓутоа тој тврди дека во моментов е фокусиран само на Европското
првенство со својата национална селекција.
„Да бидам искрен,
не сакам да размислувам во овие моменти за Манчестер јунајтед, во моментов сум
фокусиран само на Англија“ рече тој по мечот со Украина.
„Во моментов се
чувствувам како да сум на месечината, мечот со Украина едноставно моравме да го
добиеме, среќен сум што добив прилика да играм, ова е посебен момент за мене“
додаде крилниот напаѓач.
„По секој меч
кога не играв се враќав на тренинзите давајќи уште повеќе од себе, периодов во
целост сум посветен на Англија, секогаш бев подготвен доколку имаше потреба“
заклучи Санчо.
Англија во
полуфиналето од европскиот турнир ќе ги одмери силите со Данска.