Борусија Дортмунд со убедлив триумф кај Падерборн се рехабилитира од поразот во дербито против Баерн Минхен, ѕвезда на денот беше Џејдон Санчо.
Дури седум погодоци беа постигнати на натпреварот, а на полувреме резултатот беше 0-0.
Прв пат мрежата се тресеше во 54. минута кога Азар дочека една топка во шеснаесетникот и лесно ја смести во мрежата за водство на Дортмунд од 1-0.
Само три минути подоцна Санчо погоди за 2-0. Тој голот му го посвети на убиениот афроамериканец Џорд Флојд поради чие убиство во САД деновиве се случуваат големи нереди.
Во 72. минута Падерборн од пенал го намали резултатот на 2-1, стрелец беше Хунемаер, но надежта на домаќините брзо ја стопи Санчо кој две минути подоцна постигна гол за 3-1.
Во 85. минута Хакими зголеми и на 4-1, во 89. минута следуваше гол на Шмелцер за 5-1, а конечниот резултат го постигна Санчо во судиското продолжение и комплетираше хет-трик.