Санчо блесна, ја врати Борусија Дортмунд во топ четири и го направи Баерн нов шампион (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн Минхен
стигна до нова титула во Бундеслигата без да истрча на терен против Борусија Менхенгладбах.
РБ Лајпциг со поразот против Борусија Дортмунд остана без математички шанси за првото
место.

Во возбудлив
натпревар, „биковите“ со головите на Клостерман и Олмо се вратија од два погодока
негатива, но Џејдон Санчо се погрижи трите бода да останат на „Сигнал Идуна
Парк“.

Во 87. минута од
мечот, Англичанецот атрактивно со пета го уфрли Гереиро, кој врати на пет метри
каде Ројс паметно ја остави топката за Санчо без мака да ја затресе празната
мрежа за 3-2 и три важни бода во трката за Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×