88
32 годишниот
напаѓач на Интер, Алексис Санчез има важечки договор со клубот од Милано до
2023 година, меѓутоа би можел да си замине уште во јануарскиот преоден рок.
Чилеанецот не
успеа да се наметне во составот на „Нероаѕурите“, а во Италија наведуваат дека
тој веќе има понуда за кариерата да ја продолжи во американската МЛС, меѓутоа
верува дека се уште би можел да направи импакт во Европа.
„ФКИнтерЊуз“
извести дека Санчез има договор на маса од две години од американски клуб, а не
се отфрла можноста да си замине од Милано уште во јануари, меѓутоа Чилеанецот
наводно посакува да ја заврши својата кариера во некоја од најдобрите лиги во
Европа, а не во американскиот шампионат.