Јувентус очајно посакува да ја освои титулата во Лигата на шампионите бидејќи во Италија веќе со години нема реална конкуренција и лесно стигнува до Скудетата.
Раководството на Јуве создава тим за освојување на Европа, а патот до таму полесно се чекори со купување на луѓе кои знаат како се прави тоа.
Минатото лето во Јуве пристигна Кристијано Роналдо, а за следниот летен преоден рок се најавуваат уште две лица од Реал Мадрид, Марсело и Зинедин Зидан.
Зидан кој како фудбалер го носеше дресот на Јувентус, има најголеми шанси да биде наследник на Масимо Алегри кој по крајот на оваа сезона би требало да се раздели со клубот.
Марсело веќе од поодамна се поврзува со Јувентус, се зборува дека Реал Мадрид веќе ја има најдено и неговата замена во бекот на Ајакс, Таљифико.
Реал Мадрид под водство на Зидан а со Роналдо и Марсело во тимот, три пати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите.