Во последните денови од летниот преоден рок може да се случи огромно трансфер домино во кое ќе бидат инволвирани клубови како Манчестер Сити, Челси, Реал Мадрид и Арсенал.
Летниот преоден рок е во самиот финиш, клубовите ги прават последните корекции на своите тимови, но како и секое лето, завршницата може да донесе неколку интересни зделки.
Медиумите од „островото“ сега пишуваат за огромно трансфер домино во кое ќе бидат инволвирани Манчестер Сити, Челси, Реал Мадрид и Арсенал.
„Граѓаните“ не се откажуваат од идејата да го ангажираат Енцо Фернандез и покрај тоа што истече крајниот рок кој го постави Челси. Манчестер Сити треба да реализира неколку богати продажби и потоа ќе тропне на вратата на „сините“ со понуда која ќе биде вредна околу 120 милиони фунти.
Доколку Енцо Фернандез заврши на „Етихад“, се говори дека Челси ќе тргне по потписот на Едуардо Камавинга од Реал Мадрид.
Се верува дека Французинот не е во плановите на Жозе Мурињо, и доколку пристигне примамлива понуда, тој ќе го напушти „Бернабеу“.
„Кралевите“ пак на ум го имаат Мартин Зубименди од Арсенал, доколку треба да го заменат Едуардо Камавинга.
Шпанецот падна во втор план по трансферот на Бруно Гимараеш, па и тој може да ја промени средината.
Останува да се види дали можат да се реализираат неколку вакви големи трансфери во последните денови.