Горан Пандев
вечерва е топ тема на социјалните мрежи кога се во прашање фудбалските вести,
сите пишуваат за неговиот гол против Грузија со кој Македонија за прв пат ќе
игра на Европско првенство.
Напаѓачот доби
многу честитки, една од нив беше и од Давиде Никола, поранешниот тренер на
Џенова со кого соработуваше во вториот дел од минатата сезна.
Горан Пандев
тогаш беше клучен во битката за обезбедување опстанок, па стратегот сега на
Твитер напиша: „Шампионите се препознаваат по вредностите кои ги претставуваат
и целите кои ги постигнале, големиот Горан!“.
I campioni si riconoscono dai valori che rappresentano e dagli obiettivi che raggiungono. Immenso #Goran #Pandev #GeorgiaMacedonia #Euro202 #Semprealmassimo pic.twitter.com/ma0fCG2n2t
— Davide Nicola (@DavideNicolaOff) November 12, 2020