Сампаоли полуде, петмина го држеа тренерот на Марсеј да не удри поранешен играч на Барса (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Раководството на
Лига 1 ќе има полни раце работа по немилите сцени на синоќешниот натпревар
помеѓу Ница и Марсеј. Домашните навивачи влегоа на терен за да се пресметаат со
фудбалерите на Марсеј, но и гостите не се штедеа.

Еден од
помошниците на Хорхе Сампаоли брутално нокаутираше навивач на Ница, а беснееше
и самиот тренер.

Аргентинецот
сакаше физички да го нападне поранешниот фудбалер на Барселона, Жан Клер
Тодибо. Тренерот на Марсеј едвај беше додржан, дури беше смируван и од Димитри Паје,
кој ја започна целата мешаница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×