Само за да се ослободат од огромната плата, Барселона го продава Кутињо за 15-20 милиони

by
1 минути читање

Барселона во јануари го испрати Филипе Кутињо на позајмица во Астон Вила, клубот од Англија исто така доби опција во целост да го купи играчот за 40 милиони евра.

Но како што пренесува Мундо Депортиво, „каталонците“ и на оваа сума даваат попуст и се подготвени да се разделат со Бразилецот за 15-20 милиони евра.

Филипе Кутињо е еден од најплатените фудбалери на Камп Ноу, неговата плата е голем товар во буџетот, па затоа се прави голем компромис за трансфер сумата.

Бразилецот е најскапиот трансфер во историјата на Барса, за неговите услуги беа платени 120 милиони евра, плус додатни 40 милиони евра во бонуси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани