Според пишувањата
на „Газета дело Спорт“, само пет фудбалери на италијанскиот првак Јувентус не
се за продажба претстојниот летен преоден рок, а првата ѕвезда на тимот, Кристијано
Роналдо не е помеѓу истите.
АС: Доколку Роналдо побара да замине, Јувентус ќе го продаде за 25 милиони евра
Според наведениот
медиум, петмината кои не се на продажба се Федерико Киеза, Дејан Кулушевски,
Матијс де Лихт, Артур, како и Данило.
Сите останати се
достапни адекватна цена на трансфер пазарот, а постојат и фудбалери кои се на
крајот од својата кариера, како Џорџо Кјелини и Џанлуиџи Буфон.
Иако спортскиот
директор Фабио Паратичи инсистираше на тоа дека клубот ќе продолжи со Роналдо,
сепак неговата годишна плата во висина од 30 милиони евра значи дека тие нема
да се противат при евентуална продажба.
Се верува дека во
случај да не се пријави заинтересирана страна за потписот на Роналдо, не се
исклучува можноста Пауло Дибала да биде „жртвата“ во таа ситуација, односно
Аргентинецот да биде продаден, а неговиот актуелен договор истекува идната
година.