Само бод за Тотнем од гостувањето кај Кристал Палас (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем одлично го почна мечот, имаше посед на топката, напаѓаше, бараше водство кое се случи во 23. минута. По додавање од Сон, Кејн биеше од далечина, топката го измами Хуаита и заврши зад неговиот грб.

Во второто полувреме Тотнем се повлече, следуваа напади на Кристал Палас, а тимот на Мурињо чекаше контра за да го реши победникот, но тоа не се случи.

Во 81. минута Шлуп искористи еден кикс на Лорис и постигна гол за 1-1.

Откако прими гол Тотнем тргна со сите сили кон нов гол но не успеа да дојде до него иако имаше неколку фантастични шанси за малку време, Хуаита имаше две прекрасни интервенции, а еднаш сојузник му беше и пречката.

Тотнем е се уште лидер на табелата, но тоа може да се промени ова коло ако Ливерпул победи на гостувањето кај Фулам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×