Само бод за Манчестер јунајтед од гостувањето кај Њукасл (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Њукасл беше блиску до победа над Манчестер јунајтед кој не беше на посакуваното ниво.

Домаќините поведоа уште во седмата минута со гол на Сент Максиман.

Манчестер јунајтед ја зголеми иницијативата во второто полувреме, но Њукасл беше поопасен од конра напади.

Сент Максиман и Фрејзер излегоа еден на еден со Де Геа, но не успеаа да го совладаат. Голманот на Манчестер јунајтед имаше неколку врвни интервенции.

Конечно Јунајтед дојде до израмнување во 71. минута кога Единсон Кавани од втор обид погоди за 1-1.

Во 88. минута Џејкоб Марфи ја погоди стативата, одбиената топка дојде до Алмирон кој шутираше во аголот, но Де Геа го одбрани и тој удар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×