Само 27% веројатност дека Македонија ќе биде меѓу двете најдобри во квалификациската група!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизира со Белгија во рамките на третото коло од квалификациите за Светското првенство.

По воведните три рунди Македонија нема пораз, ремизираше дома (по 1-1) против Велс и Белгија, а на гости го победи аутсајдерот Лихтенштајн. Специлизираниот профил на мрежата „Х“ под името „Football Meets Data“ направи анализи и според нив Македонија има само 4% шанси да заврши на првото место во групата.

Освен тоа, нам ни се дадени 23% шанса да бидеме второпласирани и највисоки 59% за третото место, а пониски 14% за четвртото. За да бидеме дел од најдобрите две во групата шансите ни се 27%.

Сепак, текот на квалификациите ни дава надеж дека ќе стигнеме до плеј-офот за Светското првенство поради настапот во Лигата на нациите и тоа е релативно близу.

Доколку Македонија игра во баражот според сегашниот ранкинг би била во четвртиот шешир, па би играле против Италија, Украина, Турција или Велс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани