Борусија Дортмунд
се бореше и на вистински начин му парираше на Баерн Минхен во битката за
титулата во најсилниот германски фудбалски шампионат, но, денеска Милионерите
на свој терен не делуваа на себе во дуелот против Шалке 04 кој инаку е во
долниот дел на табелата.
Иако први дојдоа
во водство домаќините со голот на Геце (14), гостите возвратија со два гола во
серија за само десет минути (Калигури 18, Сане 28), и не само што со тој
резултат заминаа на паузата, по неа зголемија и на 1-3 (Калигури 62), а голот
за 2-3 (Витсел 84) иако за момент донесе неизвесност, сите дилеми ги реши
Емболо само две минути подоцна.
Шалке 04 на Твитер: Како ли Тереза Меј би се одбранила против Лерој Сане? (ФОТО)
Познато е дека
Шалке 04 на генијален начин ги опишува натпреварите со своите реакции на
социјалните мрежи, не баш така одамна таков беше и случајот во двобојот против
Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а еве ја нивната реакција по победата
над претендентот за титулата, кој веројатно веќе и го отпишаа од таа битка…
Ups. pic.twitter.com/y63KoAVYrb
— FC Schalke 04 (@s04) April 27, 2019