Салернитана идната сезона во Серија А, но Лотито мора да го продаде клубот

by
1 минути читање

Емполи како
првопласирана екипа од Серија Б прогресираше во најелитното фудбалско друштво
на Италија, каде идната сезона по пауза од цели 23 години ќе се натпреварува
повторно и Салернитана, која како вицепрвак во второлигашката конкуренција се
избори за место во повисокиот ранг натпреварување.

Меѓутоа, постои
еден проблем во Салернитана кој клупското раководство ќе мора да го реши во рок
од 30 денови, а тоа е претседателот Клаудио Лотито да го продаде клубот за да
нема конфликт на интереси, од причина што не е дозволено да се поседуваат два
клуба во Серија А истовремено.

Како што е
познато, Лотито е воедно и прв човек на Лацио, па има обврска да продаде еден
од двата клуба, што вообичаено одлуката би паднала на Салернитана.

Кога сме кај
случувањата во италијанскиот фудбал, место во плејофот од квалификациите за
пласман во Серија А изборија Лече, Венеција, Читадела, Бреша, Киево, но и
амбициозниот клуб на Силвио Берлускони и Адријано Галијани, Монца.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×