168
Карим Адејеми важи
за еден од најперспективните фудбалери во Европа, со добрите партии го привлече
вниманието на гигантите ширум Европа и само прашање на време е кога ќе направи
трансфер.
Според Скај
Германија, Борусија Дортмунд и Барселона наддаваат за услугите на 19 годишниот
офанзивен фудбалер. Kлубот од
„Сигнал Идуна Парк“ понудил 35 милиони, додека пак „каталонците“ на маса
ставиле 40 милиони евра.
Борусија Дортмунд
од друга страна го примамува Карим Адејеми со поголема плата од онаа која
Барселона му ја понудила на момчето.