176
29 годишниот
Мохамед Салах има договор со Ливерпул со важност до 2023 година, меѓутоа
сигурно дека клубот од „Енфилд“ посакува уште во оваа фаза да ги реши сите
дилеми околу иднината на Египјанецот.
Салах и новата
сезона ја почна во голем стил, а неговиот агент Рами Абас наводно отпатувал на
Островот за да преговара за нвоите услови во новиот договор кој се подготвува
за офанзивецот.
Се верува дека
барањата на Салах не се скромни, а „Дејли Мирор“ известува дека Абас ќе се
обиде да договори неделна плата во висина од 592 илјади евра, што би го
направило офанзивецот најскапо платен фудбалер на Ливерпул.