168
Тоа беше 22. гол за Салах во Лигата на шампионите за Ливерпул, што е еден повеќе од учинокот на Стивен Џерард. Со оваа египетскиот фудбалер стана најдобриот стрелец на црвените во елитното натпреварување.
„Секако дека е одлично чувството да се биде најдобар стрелец во овој клуб и во нивната историја. Горд сум на тоа, но треба да продолжам вака и да постигнувам уште голови“, изјави Салах.
„Треба разликата меѓу мене и Џерард да ја направам поголема. Секогаш се обидувам да постигнувам голови и да му помогнам на тимот. Тоа е најважната работа“.