Салах размислувал за преселба во клуб од Премиерлигата, имал незавршена работа

by bojan
2 минути читање
Салах

Новинарот Сајмон Хјус сподели повеќе детали од трансфер сагата на Мохамед Салах, приоритет му бил Ливерпул, а како опција постоела и преселба во Челси, каде Египјанецот имал незавршена работа.

Мохамед Салах денеска стави потпис на нов договор со Ливерпул и реши да остане верен на клубот од Енфилд и покрај тоа што имаше одврзани раце да потпише со кој било кого.

Новинарот Сајмон Хјус попладнево сподели повеќе детали од трансфер сагата на Египјанецот и што се случувало зад сцената изминативе месеци.

Мо Салах не бил заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, на ова гледал само како на дестинација која ќе го задоволи финансискиот аспект.

Не сакал ниту преселба во ПСЖ поради тоа што Лига 1 ја нема популарноста и привлечноста на глобално ниво, како што ја има Премиерлигата.

Никогаш не станало збор за преселба во МЛС лигата и САД, и се упатувало на тоа дека Премиерлигата е посакуваната дестинација.

Од почит кон Ливерпул, Мо Салах никогаш не помислил за преселба во Манчестер јунајтед и Манчестер Сити, но постоела одредена интрига за преселба во Челси.

Египјанецот сметал дека има незавршена работа на „Стемфорд Бриџ“ и дека требал нешто да докаже откако „сините“ прелесно се откажаа од него и не му дадоа права шанса да покаже што умее.

Сајмон Хјус исто така појаснува дека останување во Ливерпул секогаш бил приоритетот на Мохамед Салах и на крајот желбата му се исполнила, доби нов двегодишен договор, кој според одредни извори е рекорден со неделна плата од 400.000 фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани