Салах проговори за својата иднина

by
1 минути читање

Актуелниот договор на Салах со Ливерпул е до летото 2023 година. Но пред крајот на минатата година за шпанските медиуми тој даде интервју кое беше оценето како флерт со Барселона и Реал Мадрид.

Сега Салах вели дека тој долго би останал во Ливерпул, но дали ќе биде тоа така зависи од клубот.

Запрашан за неговата иднина, Салах рече: „Не знам. Доколку јас се прашувам би останал тука додека можам, но како што и кажав претходно, се зависи од клубот“.

„Секогаш ќе давам 100 проценти до последната минута. Во овој клуб сум и сакам да освојам колку што можам повеќе трофеи“.

„Сакам да давам 100 проценти за луѓето кои постојано ми покажуват љубов“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×