Салах проговори за својата иднина и испрати јасна порака

by
1 минути читање

Изминатиов период има многу гласини за иднината на Мохамед Салах и преговорите за нов договор на фудбалерот од Египет. Се говори дека тој побарал неделна плата од 500.000 фунти за да продолжи на Енфилд, сума која Ливерпул не помислува да ја одвои.

Многумина сметаат дека „црвените“ не смеат да штедат и мора да го одврзат ќесето за да го задржат Мохамед Салах, кој игра во извонредна форма на стартот од сезоната.

Во разговор со Скај Спортс, напаѓачот сега порача дека сака да крајот на кариерата да настапува во дресот на Ливерпул но додава дека ова не зависи од него.

„Доколку ме прашате, би сакал да останам до последниот ден од мојата кариера, но не можам многу да говорам на оваа тема, не зависи од мене“ – вели Салах.

„Зависи од клубот, и што тие сакат“.

„Во моментов не можам да се замислам како играм против Ливерпул. Тоа ќе ме направи тажен, но ајде да почекаме и да видиме што ќе донесе иднината“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани