Салах на листата на желби кај Тухел?

by
1 минути читање

Реномираниот
германски новинар Кристиан Фалк известува дека првата ѕвезда на Ливерпул,
Мохамед Салах наводно е на листата на желби кај шефот на стручниот штаб на
Челси, Томас Тухел.

Големи се
очекувањата клубот од Лондон во летниот преоден рок да доведе големо засилување
во нападот, а освен Салах, од поодамна е познато дека на листата на желби во
Челси високо котираат Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, односно Ромелу Лукаку
од Интер.

Практично, Лукаку
и Салах се поранешни членови на Челси, меѓутоа секако дека особено веста за
Салах и Челси ги изненади љубителите на фудбалот, а многумина сметаат дека
можеби е незамисливо Египјанецот да го напушти Ливерпул за ривалот во
Премиерлигата.

Како и да е,
Салах и Ливерпул се уште не започнале преговори за нов договор, односно
продолжување на соработката, за што потврди и самиот Египјанец, чиј актуелен
договор со клубот од „Енфилд“ истекува во 2023 година, а медиумите веќе извесен
период особено се занимаваат со прашањето околу неговата иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×