Салах испрати порака пред финалето од Лигата на шампиони и ги израдува навивачите на Ливерпул

by
1 минути читање

Мохамед Салах
денеска се појави пред новинарите, па иако во сабота е мечот против Реал Мадрид
во финалето од Лигата на шампиони, неизбежни беа прашањата за новиот договор на
Египјанецот.

„Фокусиран сум
само на тимот, не сакам да зборувам за мојот договор. Не мислам на договорот,
не сакам да бидам себичен. Ова е навистина важна недела за нас и сакам да ја
освојам Лигата на шампиони“
– вели Салах.

„Но останувам
тука и следната сезона, тоа е сигурно“.

Напаѓачот има
желба за одмазда откако пред четири години во финалето против Реал Мадрид
заработи повреда и го напушти теренот по половина час игра, а Ливерпул потоа го
загуби мечот.

„Многу сум
мотивиран, поради она што се случи претходниот пат како и она што се случи во
неделата (Ливерпул ја загуби битката со Манчестер Сити за титулата во
Премиерлигата). Тоа што го напуштив теренот по само 30 минути игра против Реал
во 201
8 година, тоа е
најлошиот момент во мојата кариера“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×