492
Eкипата на Ливерпул денеска запиша нов триумф во Премиер лигата и со 2:0 го совлада Бормут.
Не блескаа избраниците на Слот денеска, но благодарение на расположениот Салах ги освоија трите бода. Егикпќанецот го отвори резултатот во 30. минута со гол од пенал.
Осум минути подоцна видовме еден поништен гол на домаќините, а Салах во вториот дел го постигна својот втор гол за 0-2. резултат кој се покажа и како конечен. Голема прилика при резултат 0:1 во 70. минута пропушти Клајверт кој не реализираше на празен гол.
На останатите средби во истиот термин, Фулам со 1-2 го совлада Њукасл, а со истиот резултат славеше и Саутемптон на гости против Ипсвич. Најубедлив беше Евертон кој го победи Лестер со 4-0.