Салах бара одмазда: Го сакам Реал Мадрид во финалето!

by
1 минути читање

Ливерпул е првиот финалист во Лигата на шампиони откако вечерва славеше на гостувањето кај Виљареал. „Жолтата подморница“ на полувреме водеше со 2-0 и најави изненадување, но „црвените“ го подигнаа нивото во продолжението од мечот и на крајот победија со 2-3 и го заверија билетот за Париз.

Клоп и неговите избраници утре ќе дознаат со кого ќе ги одмерат силите за трофејот во најелитното европско натпреварување, а Мохамед Салах сака нова пресметка со Реал Мадрид.

„Сакам да играм против Реал, морам да бидам искрен, преферирам да играме со Реал Мадрид“ – вели Мохамед Салах.

Двата тима се сретнаа во финалето од Лигата на шампионите во 2018, Салах не го памети по добро тој меч, заработи повреда по еден дуел со Рамос и не можеше да помогне неговиот тим да избегне пораз.

Па сосема очекувано, Египјанецот беше запрашан дали бара одмазда, а тој со насмевка рече: „Поради тоа што изгубивме во финале? Сакам да играм одново со нив, се надевам дека ќе победиме сега“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×