На Интер му е неопходна победа, а Шахтар може дури и со бод да оди понатаму под услов Реал Мадрид да не ја победи Борусија Менхенгладбах, ако се случи тоа, и на Украинците работа ќе им врши само триумф.
Групата Б е комплетно отворена, вечерва се може да се случи.
„Групата од Лигата на шампионите не научи дека ништо, апсолутно ништо не е невозможно“, изјави крилото на Шахтар, Манор Соломон.
„Сакаме најмалку реми“.
Фудбалерите на Шахтар се плашат од Лукаку, имаат огромна почит за напаѓачот на Интер.
„Ќе направиме се за да го сопреме Лукаку. Тој е ѓавол, чудовиште. Ако е расположен е незапирлив“.
„Тој е исто така и потценет. Треба да биде сметан за еден од најдобрите напаѓачи. Кога Интер го купи, се чудев зошто Манчестер јунајтед би се откажал од некој како него“.