Саха објасни кој не би можел да го сака Роналдо за соиграч

by
1 минути читање

Поранешниот
напаѓач на Манчестер јунајтед, Луис Саха упати низа пофалби за неговиот
поранешен соиграч Кристијано Роналдо, кој се уште игра во врвна форма и на 36
годфини, а додаде и дека Оле Гунар Солшер има среќа што има таков фудбалер во
својот тим.

Солшер мора да
биде многу среќен со фактот што го има Роналдо во својот тим, бидејќи тој е
вонземјанин во светот на фудбалот
“ рече Саха.

Тој може да игра
во било кој тим, како и првенство во светот, тој секогаш ќе постигнува голови,
од негова страна има голема посветеност, но и капацитет за пожртвуваност која
никој ја нема
“ додаде тој.

Мојот однос со
него беше едноставен, бидејќи ние обајцата работевме напорно, а доколку не го
сакате Роналдо како соиграч, тоа е поради фактот што не сте човек кој работи
напорно, тоа е толку едноставно
“ заклучи Саха.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани