698
Денеска со почеток од 16 часот Шкупи ќе го пречека Вардар во Чаир на отворање на 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Двата ривали се во различна форма, Вардар не знае за пораз веќе десет натпревари, а Шкупи нема победа на последните осум меча.
Црвено-црните ќе се обидат да ја искористат лошата форма на Шкупи и да запишат уште еден добар резултат.
По 29 одиграни кола Вардар има собрано 35 бодови, еден повеќе од Шкупи.
Останатите натпревари се играат утре.
ПМФЛ 30. коло:
Денеска
Шкупи – Вардар
Утре
Гостивар – Пелистер
Беса – Брера
Работнички – Силекс
Струга – Шкендија
Воска – Тиквеш (0-3 службено)
Сите натпревари се играат од 16 часот.