Русија не успеа со „финта“ да ја заобиколи суспензијата од УЕФА

by
1 минути читање

По војната во Украина, УЕФА и ФИФА завзедоа заеднички став и решија да ги суспендираат сите руски клубови, како и националните тимови од натпреварувањата под капа на европската и светската куќа на фудбалот.

Фудбалската федерација на Русија достави жалба до Судот за спортска арбитража и проба со „финта“ да издвојува победа, односно побара суспензиите да бидат привремено тргнати додека судот во Лозана одлучува.

ТАС попладнево соопшти дека ова барањето за привремено тргнување на суспензијата која ја изрече УЕФА се одбива, суспензијата на европската куќа на фудбалот останува на сила се до конечната одлуката на судот.

Што се однесува до привмрено тргнување на суспензијата која ја изрече ФИФА, ТАС по оваа жалба на ФФР ќе се произнесе до крајот на неделата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани